Вкупниот буџет на Ракометната федерација на Македонија во 2025 години бил 1,45 милиони евра, соопштија на Собранието што се одржува во Скопје.
Според претседателот на Надзорната комисија на РФМ програмата на федерацијата во целост е исполнета, а се однесува на работата, огранизацијата на турнири.
Вкупните расходи на РФМ биле околу 1,42 милиони евра. Во 2025 година РФМ имаше многу активности и првпат имаше пет репрезентации кои се во натпревари во квалификации и на турнири.
За годинава веројатно буџетот ќе биде уште поголем со оглед на тоа што имаме репрезентации кои ќе играат на ЕП и СП, а и ќе бидеме домаќини на ЕХФ шампионат.
УБАВА ВЕСТ: Клубовите ќе добијат „плус пари“ од државата месецов

























