Српскиот голман Милан Бомaштар според најавите ќе биде новиот чувар на мрежата на Вардар од следната сезона, а статистиката од една од најсилните лиги во светот покажува дека „црвено-црните“ добиваат вистинско засилување. Дека Вардар бара нов голман, потврди и Михајло Михајловски, претседателот на Вардар на последниот брифинг со новинарите. Не го потврди неговото име, но кажа дека новиот голман со кој би сакале да соработуваат веќе е на мета на многу силни клубови.
Бомaштар моментално настапува за Шарт, тим кој по 15 одиграни кола се наоѓа на 14. место во француското првенство. И покрај позицијата на клубот, српскиот интернационалец блеска меѓу стативите и се вбројува меѓу најдобрите голмани во лигата.
Со вкупно 146 одбрани, Бомaштар се наоѓа на петтото место по овој параметар, додека според просекот на одбрани по натпревар (9,73) е шести во целото првенство. Ваквите бројки не поминаа незабележано, па интерес за неговите услуги покажале и други европски клубови.
Сепак, Бомaштар повеќе од сигурно е дека кариерата ќе ја продолжи во Скопје и ќе го облече дресот на Вардар, што претставува значаен потег за македонскиот шампион. Србинот се наоѓа на листата пред Шарл Болжинзе, Весли Пардан, Игнасио Биоска, Мате Шуњиќ…
Во наредниот период се очекуваат уште неколку засилувања во редовите на „црвено-црните“, а веќе е потврдено дека од јануари во клубот пристигнува и Жоао Педро Да Силва. Договорот го продолжи левото крило Жуниор Тузолана.


























