Возбудливото трето коло во Лигата на шампиони за жени донесе драматични мечеви и интересни изненадувања.
Во „мечот на неделата“, Брест Бретањ дојде до третата победа по ред, совладувајќи ја ЧСМ Букурешт, 34-31 и остана единствената екипа со максимален ефект во групата. Ѓер ја запиша најубедливата победа во досегашната дел од сезоната, декласирајќи го Будуќност со 36-20. Ова беше 32. меѓусебен дуел на двата клуба во Европа, а унгарскиот гигант славеше по 24. пат.
Подравка и Оденсе одиграа возбудливо реми 31-31. Без повредената Матеа Плетикосиќ, која даде 19 гола на првите два меча, сестрите Катерина и Ана Панџа ја презедоа одговорноста и постигнаа 15 од сите голови на хрватскиот тим.
ФТЦ стигна до првите бодови, совладувајќи ја Сола со минимални 26-25 по голема завршница. Пеналот за победа го реализираше Клујбер, а го изнуди Цвијиќ по асистенцијата на Дмитриева. Борусија Дортмунд конечно ја прекина црната серија и ја впиша првата победа во ЛШ по јануари 2022 година, по драматичен финиш против Дебрецин.
Есбјерг исто така ги освои првите бодови, благодарение на фантастичната Хени Реистад, 9 гола и 5 асистенции, убедливо совладувајќи го Сторхамар. Мец остана непоразен и се приклучи кон Ѓер и Брест во елитната група на перфектни екипи, по триумфот над Глорија Бистрица, која го запиша првиот сезонски пораз и покрај борбената игра.
Икаст ја искористи кризата на Крим и славеше, оставајќи ги словенечките шампионки без бод по три кола – нешто што им се има случено последен пат во сезоната 2015/16.
Лига на шампиони, 3 коло, резултати:
група А
Будуќност – Ѓер 20-36
Глорија Бистрица – Мец 24-31
Есбјерг – Стохамар 30-24
Борусија Дортмунд – Дебрецин 28-26
група Б
Брест Бретањ – ЧСМ Букурешт 34-31
Икаст – Крим 27-25
Подравка – Оденсе 31-31
ФТЦ – Сола 26-25