Селекторот на женската репрезентација на Србија, Урош Брегар, го објави скратениот список пред настапот на Европското првенство.
Словенецот на српската клупа смета на 21 ракометарка за натпреварите против Црна Гора, Чешка и Романија.
Последните тестови пред континенталниот собир Србија ќе ги има на „Кроација Куп“ против Македонија и Хрватска.
На списокот има 13 ракометарки што настапуваат во странство, како и осум ракометарки од српскиот шампионат.
Меѓу повиканите се искусните Рисовиќ, Радосављевиќ, Јањушевиќ, Јововиќ…но има и голем дел млади ракометарки.