Бразилски шмек во Охрид – промовиран десниот бек Винициус

Десениот бек Де Соуза Мораис Каио Винициус е новото засилување за Охрид за пролетниот дел од сезоната.

Бразилскиот младински репрезентативец игра на позицијата десен бек и ќе го носи сино-белиот дрес најмалку 1.5 година.

„Многу сум среќен за моето пристигнување во Охрид. Клуб со европски амбиции и колеги професионалци. Од моја страна нема да недостасува посветеност. Се надевам дека ќе имаме успеси во Охрид, мојот нов дом“, изјави Винициус.

Тоj го пополнува местото на кое есента играше хрватскиот десен бек Луциjaн Бура.

Винициус есента играше за Куманово и беше наjдобар стрелец на екипата.