Машката младинска репрезентација на Македонија денеска го стартува разигрувањето за пласман од 25 до 28 место на Мундијалот во Полска.
Ривал на избраниците на Раде Стојановиќ ќе биде селекцијата на Бразил, која загуби од Полска во претходната фаза, а го совлада Уругвај.
Во прелиминарната фаза, јужноамериканците ги загубија сите три натпревари од Австрија, Унгарија и Аргентина.
Натпреварот меѓу Македонија и Бразил се игра во салата „Легионов“ во Келце со почеток од 16:15 часот.
Доколку слават нашите момци ќе играат против победникот од дуелот САД – Бахреин за 25 место, доколку не со поразениот од тој дуел за 27 место.
Светско првенство младинци, четвртфинале:
18:30 Данска – Норвешка
18:30 Португалија – Египет
21:00 Германија – Шведска
21:00 Словенија – Фарски Острови
Светско првенство младинци, разигрување за пласман:
09:30 Австрија – Франција
09:30 Аргентина – Мароко
11:45 Кореја – Тунис
11:45 Хрватска – Шпанија
11:45 Уругвај – Мексико
14:00 Канада – Саудиска Арабија
14:00 Унгарија – Романија
14:00 Полска – Исланд
16:15 Алжир – Србија
16:15 Јапонија – Швајцарија
16:15 Бразил – Македонија
18:30 САД – Бахреин