Брат ќе „удри“ на брат на ЕП!

Словенија и Црна Гора ќе ги одмерат силите во првото коло од групната фаза на Европското првенство 2026 во Осло, а овој натпревар носи и посебна емотивна приказна.

На спротивни страни ќе застанат двајца родени браќа – Миљан Вујовиќ, голман на словенечката репрезентација, и Саво Вујовиќ, една од голманските опции кај Црна Гора.

Миљан е роден во Цетиње, но уште од студентските денови живее и гради кариера во Словенија. Настапуваше за повеќе словенечки клубови, а потоа направи трансфер во Штутгарт. Во меѓувреме доби и словенечки пасош, па изборот на репрезентација беше логичен чекор во неговата кариера.

„Имам зборувано на оваа тема…Црна Гора е мојата татковина, но во Словенија сум од мали нозе и сега и неа ја чувствувам како своја земја. Секако дека ќе ми биде тешко, но ќе сторам се да останам со бистра глава и да ѝ помогнам на репрезентацијата да стигне до резултат. На брат ми му посакувам успешно првенство, заслужи повик затоа што бранеше одлично во првиот дел од сезоната“, изјави Миљан за словенечката „Екипа24“.

Неговиот помлад брат Саво, кој е четири години помлад, исто така ја гради својата кариера во Словенија и настапува за екипата на Шкофја Лока, што дополнително ја прави оваа приказна уште поинтересна.

Братскиот дуел меѓу Словенија и Црна Гора на Европското првенство ќе се одигра на 16 јануари во Осло, со почеток во 18:00 часот.