Брат брата не рани, тешко кој го нема

Петар и Павле Атанасијевиќ, Марко и Дамјан Митев, но и Ненад и Никола Костески, се трите пара браќа што ќе ги бранат боите на Македонија на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Марко ќе го игра своето трето ЕП, откако дебитираше на континенталниот собир во 2022 година, додека Дамјан би можел сега да го има првиот настап.

Помладиот Ненад ќе го игра третиот настап на континенталните собири, додека повозрасниот Никола дебитираше на ЕП 2024 во Германија, а сега ќе игра вторпат.

Петар играше и на ЕП 2024, додека Павле ќе дебитира на европските шампионати во дресот на Македонија.

Сите шестмина ја продолжуваат низата на Велко и Никола Маркоски, Наумче и Златко Мојсовски, Филип и Кирил Лазарови…Брат брата не рани, ама тешко кој го нема…