Бранеше за Скопје, сега ќе игра на Исланд

Некогашниот младински репрезентативец на Србија и екс член на Скопје, Никола Радовановиќ, ќе има нов предизвик во кариерата.

Чуварот на мрежата се сели на Исланд и во наредната сезона ќе го брани голот на тимот на Тор Акурејри.

Во овој клуб своевремено тренер беше Стевче Алушовски, а таму играа Томислав Јагуриновски и Костадин Петров.

Радовановиќ во татковината ги бранеше боите на Динамо Панчево и Рудар Костолац, а во Скопје ја мина сезоната 2022/23.

Потоа се врати во татковината и го бранеше голот на Црвена Ѕвезда, а сега одново ќе има интернационален предизвик.