Бранеше за Прилеп и Охрид, сега има нов клуб во Полска

Грузискиот репрезентативен голман Зураб Цинцадзе, во новата сезона го очекува нов предизвик во кариерата.

Тој ќе остане во Полска, но ќе ги смени клупските бои и во иднина ќе го брани голот на Легионово во елитната конкуренција.

Цинцадзе, кој по заминувањето од Македонија беше дел од Азоти Пулави две сезони, потпиша договор на една сезона со Легионово.

Во Македонија, грузискиот репрезентативен чувар на мрежата настапуваше три сезони во тимовите на Прилеп и Охрид.