Браќата Узунчеви и наредната сезона дел од Бутел Скопје

Младинските репрезентативци Димитар и Тодор Узунчеви и наредната сезона ќе бидат дел од амбициозниот суперлигаш Бутел Скопје.

Бутелци кои се потпираат на македонски кадар, полека го склопуваат играчкиот состав за претстојната сезона во која ќе бидат активни на домашна и меѓународна сцена.

Левиот и десниот бек минатата сезона беа дел од составот на Горан Кузманоски, а двете страни се договорија за продолжување на соработката.

Покрај нив Бутел Скопје ги донесе и кадетските репрезентативци Петар Николоски, Архангел и Атанасиј Трсунови, искусниот голман Благојче Трајкоски, младиот грузиски лев бек Давид Гришикашвили, а договорот го продолжи средниот бек Димитар Ѓоргиевски.