Тимот на Спортинг Лисабон ја доби пресметката со Висла Плоцк со 34-29 во првото коло од Лигата на шампионите.
Браќата Франциско и Мартим Кошта комбинираа 16 погодоци и беа најзаслужни за триумфот на португалскиот првак.
По 9-9 во првиот дел, Спортинг се одлепи на плус пет, 14-9, а се што направи Висла во продолжение од мечот е што во неколку наврати намали само на минус три.
Доминацијата на тимот од Лисабон продолжи и во второто полувреме, а домашните не дозволија изненадување и камбек на Висла Плоцк.
Во поразениот состав се истакнаа Дашек со седум и Фазекаш со шест погодоци, додека голманите Алиловиќ и Халгримсон комбинираа девет одбрани.