Спортинг Лисабон оствари голема победа над унгарскиот гигант Веспрем со 33-32 со гол постигнат во последните секунди. Кико Кошта даде десет гола, Торкелсон исто толку, а Мартим Кошта додаде уште три, меѓу кои и победничкиот вреден два бода.
Домаќините имаа плус пет во првиот дел, но Веспрем набрзина се врати, потоа најчесто се играше гол за гол, така беше и во финишот, а во последната минута се влезе со резултат 31-31.
Спортинг погоди преку Кико Кошта за 32-31, но Хешам израмни и на петнаесетина секунди до крајот беше реми. Тренерот Рикардо Кошта викна тајм-аут, домаќините организираа напад и Мартим Кошта го даде победничкиот гол во мрежата на Веспрем. Во унгарскиот тим се истакна Хешам со 12 гола.
Екипата на Фуксе Берлин оствари петта победа на петтиот натпревар во Лигата на шампионите, откако дома славеше против Колстад со убедливи 38-27.
Победникот беше најавен уште по првиот дел кога „лисиците“ обезбедија плус пет, а гостите не можеа да го најдат својот ритам ниту во вториот дел.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Грондал со девет гола, додека данското дуо Гидсел и Андерсон комбинираа 14 голови, а голманите Лудвиг и Милосављев имаа 15 одбрани. Во составот на Колстад се истакна Јепсон со седум гола.