Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за реванш натпреварите од третото квалификациско коло од Лигата на Европа.
Браќата Методија и Михајло Илиевски кои сезонава се меѓу најактивните на европска сцена, ќе делат правда на решавачки натпревар за пласман во групната фаза.
Тие се делегирани на реванш натпреварот меѓу амбициозниот српски првак Црвена Звезда и унгарскиот Естергом.
Овој натпревар на кој делегат ќе биде Романецот Кожокару е закажан за 15 ноември со почеток во 18:00 во СЦ „Вождовац“ во Белград.

























