Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од четвртфиналето на Европскиот Куп.
Покрај македонскиот шампион Ѓорче Петров, македонски претставници во оваа фаза ќе бидат и судиите Методија и Михајло Илиевски.
Битолчаните ќе го судат вториот натпревар од двомечот меѓу турскиот Јаликавак и португалската Бенфика.
Овој натпревар се игра на 17 март со почеток во 15:00 часот во Бодрум, по што ќе биде познат полуфиналистот во Европскиот Куп.