Eвропската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за реванш натпреварите од второто коло во ЕХФ Европски Куп.
Методија и Михајло Илиевски добија делегирање, патуваат во Турција, каде што ќе судат два меча.
Тие ќе ја делат правдата на двете средби меѓу турската Бурса и исландскиот Хафнарфјордур што ќе се играат претстојниот викенд.
Двата меча се закажани на 18 и 19 октомври од 16:00 часот, а делегат ќе биде Грузиецот Гевашвили.