Браќата Илиевски ќе го судат дербито во Супер женската лига

Од денеска до сабота ќе се одиграат четирите натпревари од 7 коло во Супер женската лига, во кое на програмата е дерби натпревар во Автокоманда.

Натпреварувачката комисија на РФМ им ја додели арбитражата на дербито меѓу Металург Автокоманда и Чаир на браќата Методија и Михајло Илиевски.

Овој дуел на кој ќе има и двајца делегати, Марјан Начевски и Ацо Николовски, ќе се одигра в сабота од 15:00 часот во Автокоманда.

Мечот меѓу Вардар и Астибо ќе го судат Силвана Карбеска и Марија Илиева, додека двобојот на Спартак и Ѓорче Петров им е доверен на Виктор Андонов и Александар Вукашиновски.

Супер лига, 7 коло, распоред на натпревари:

30/10, 18:30, Вардар – Астибо (Карбеска/Јашар)
01/11, 12:00, Куманово – Пелистер (Металари/Николовски)
01/11, 13:00, Спартак – Ѓорче Петров (Андонов/Вукашиновски)
01/11, 15:00, Металург Автокоманда – Чаир (Илиевски/Илиевски)