Браќата Даниел и Алекс Душебаеви ќе си заминат од полскиот вицепрвак Келце, откако седум сезони работеа под палката на нивниот татко Талант.
Според „RTHandball“, Алекс би требало веднаш по Европското првенство да се пресели во германскиот Кил, каде имаат проблеми со повредите на десние бековси Мадсен и Рајнкинд.
Хрватските медиуми го „селат“ Даниел во тамошниот шампион Загреб, но овој трансфер би можел да се реализира на лето.
Келце на лето го чека голем играчки ремонт – покрај браќата Душебаеви, заминуваат и Адам Моравски, Лукаш Рогулски, Хорхе Македа…а доаѓаат Милосављев, Бос, Кларица, Рабчински…

























