Браќа од Тиквеш и Бутел со Грузија на ЕП

Селекторот на машката репрезентација на Грузија, Тите Каланадзе, го објави списокот на ракометари што ќе патуваат на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Некогашниот вардарец го нема на располагање екс членот на Охрид и Прилеп, Теимураз Орјоникидзе, но затоа на списокот се браќата од Тиквеш и Бутел Скопје, пивотот Гиорги и левиот бек Давид Гришикашвили.

Во составот на Грузија ќе биде десниот бек од Загреб, Гиорги Сковребадзе, тука се екс членовите на Прилеп и Охрид, Мириани Гавашелишвили, Хазеин Рустамов и Зураб Цинцадзе, па Иракли Кбилашвили екс бекот на Металург…

Грузија веќе одигра два меча со Саудиска Арабија (пораз и реми), а ја очекуваат уште две средби против Алжир и Кувајт на турнејата во Словенија. На списокот е и десното крило Леван Имнадзе, кој е пријавен како играч на Прилеп, но тој одамна не е дел од македонскиот клуб.

На ЕП, момците на Тите Каланадзе, ќе бидат во група со Хрватска, Шведска и Холандија.