Браќа од Азербејџан за Вардар во Хрватска

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од 5 коло во Лигата на Европа.

Ракометарите на Вардар патуваат во Загреб на незгодно гостување кај тимот на Сесвете, а ќе имаат судии од Азербејџан.

Станува збор за браќата Ернест и Емил Агакиши, додека делегат на важниот натпревар за двете екипи ќе биде Беќири од Косово.

Натпреварот меѓу Сесвете и Вардар ќе се игра во салата „Јелковец“ во Загреб утре со почеток во 20:45 часот.

Вардар е прв на табелата со шест бодови, Кристијанштад има пет, исто колку и Сесвете, додека Тулуз е без бодови и шанса за прогрес.