Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од третото коло на ЕП.
Македонија ќе го игра последниот дуел со Швајцарија, а арбитрите на оваа средба доаѓаат од Молдавија.
Станува збор за близнаците Алексеј и Игор Ковалчук, додека делегати ќе бидат Владимир Ранчик од Словачка и Виктор Конопласти од Украина.
Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија се игра вечерва во „Мерцедес Бенц Арена“ од 18:00 часот.