Браќа близнаци ќе и судат на Македонија против Гвинеја

Светската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од третото коло на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Откако за првото коло и додели на Македонија шведски арбитри, а за второто судии од Данска, сега ИХФ делегираше судии од Молдавија.

Станува збор за браќата близнаци Игор и Алексеј Ковалчук, додека делегати се Маклуф од Тунис и Франко од Шпанија.

Натпреварот меѓу Македонија и Гвинеја ќе се игра вечерва во „Вараждин Арена“ со почеток во 18:00 часот.