Ракометарите на Аеродром ја прославија четвртата сезонска победа во Првата лига, откако славеа на гости кај Овче Поле во Свети Николе со 30-24.
Гостинските ракометари водеа од почетокот до крајот и не дозволија ниту еднаш домашните да го загрозат нивното водство.
Момците на Митко Стоилов на паузата имаа предност од пет гола 18-13, а вториот дел беше само рутински одработен за двата бода.
Бојан Божиновски со осум и Бојан Поповски дадоа осум, односно шест погодоци за победничкиот тим, додека Кирил Буровски стрелаше девет пати за Овче Поле.
Во следното коло Аеродром ќе игра на домашен терен против Кичево, додека Овче Поле гостува кај Преспа.

























