Покрај женската младинска репрезентација, Македонија има уште двајца свои претставници на Мундијалот во Скопје.
Тоа се судиите Даниело Божиновски и Виктор Начевски, кои веќе отсудија два меча од прелиминарната рунда, а добија уште едно делегирање.
Македонската двојка ги судеше натпреварите меѓу Унгарија и Аргентина, односно Швајцарија и Египет.
Во Президент Купот, тие денеска ќе бидат арбитри на јужноамериканскиот двобој меѓу селекциите на Бразил и Чиле.