Божиновски и Начевски со голем предизвик – ќе судат дерби меч во ЛЕ!

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите во последното коло од групната фаза во Лигата на Европа.

Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе патуваат во Франција и ќе судат натпревар што се очекува да донесе многу возбудувања.

Тоа е мечот меѓу Монпелје и шпанскиот Гранољерс, по кој ќе биде познато колку бодови ќе пренесат двете екипи во главната рунда.

Овој дуел се игра на 26 ноември со почеток во 20:45 часот, а Монпелје сигурно е прв на табелата, Гранољерс втор, но двете екипи ќе се борат за да пренесат што повеќе бодови во главната рунда.