Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од првото коло во групната фаза од Лигата на Европа.
Македонските арбитри Даниело Божиновски и Виктор Начевски добија делегирање за дуел во Швајцарија.
Тие ќе го судат натпреварот меѓу тимот на Криенс Луцерн и шпанскиот Адемар Леон што ќе се игра во „Штадхале Суксе“.
Oвој натпревар на кој делегат ќе биде Израелецот Коен, е закажан за 8 октомври од 18:45 часот во Швајцарија.