Божиновски и Начевски на нова меѓународна задача – ќе судат на Кинеските игри!

Уште еден доказ за квалитетот на македонскиот двоец Даниело Божиновски и Виктор Начевски е последната номинација од ИХФ.

Тие се делегирани од ИХФ, а по барање на Азиската федерација за делење на правдата на женскиот ракометен турнир на Кинеските игри.

Станува збор за турнир пандан на Олимписките игри, а меѓу спортовите што ќе се играат во Хонг Конг, Макао и Гуандонг.

Официјалното натпреварување е од 9 до 21 ноември, но дел од спортовите се играат порано од терминот.

Натпреварите од женскиот турнир, на кој ќе судат Божиновски и Начевски, ќе се играат од 10 до 19 септември во Шанту. Дуелите од машкиот турнир ќе се играат од 1 до 10 ноември во Хонг Конг.