Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од осминафиналето на Лигата на Европа.
Македонските арбитри Даниело Божиновски и Виктор Начевски добија задача на реванш средбата од германско-данскиот двобој.
Тие ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу Мелсунген и Фредериција што ќе се игра во „Ротенбах Хале“ во Касел.
Натпреварот на кој делегат ќе биде Швајцарецот Штефан Витцум, е закажан за 7 април со почеток во 20:45 часот.


























