Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација на Македонија ги делегираше официјалните лица за 6 коло од Супер машката лига.
Дербито во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид ќе го судат Виктор Начевски и Даниело Божиновски, додека градскиот двобој меѓу Бутел Скопје и Пролет им е доверен на Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш ќе мине со арбитража на Ненад Николовски и Исмаил Металари, додека Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески ќе ја судат средбата меѓу Радовиш и Прилеп.
Супер лига, 6 коло, распоред на натпревари:
03/10, 18:00, Прилеп – Струга (Георгиевски/Георгиевски)
04/10, 18:00, Еурофарм Пелистер 2- Тиквеш (Металари/Николовски)
04/10, 19:30, Радовиш – Вардар (Седлоски/Ангелески)
05/10, 18:00, Еурофарм Пелистер – Охрид (Начевски/Божиновски)
05/10, 19:00, Куманово – Алкалоид (Андонов/Вукашиновски)
07/10, 18:00, Бутел Скопје – Пролет (Начевски/Николов)