Божиновски и Начевски ќе судат во квалификации за СП 2027

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првиот бараж за Мундијалот 2027 година.

Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе судат два меча од првиот бараж меѓу селекциите на Луксембург и Летонија.

Двете федерации се договорија двата меча да ги одиграат на теренот во Луксембург, паралелно со квалификацискиот турнир за кадети за пласман на ЕП 2026.

Првиот дуел што ќе го судат Божиновски и Начевски е закажан на 1 ноември од 20:00 часот, додека втората средба е на 2 ноември од 18:30 часот.

Победникот од овој двомеч ќе се пласира во вториот бараж за СП 2027, каде што би можела да биде и Македонија во зависност од резултатот на ЕП 2026.