Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за реванш средбите од Европскиот Куп во машка конкуренција.
Дуелот од третата рунда што ќе даде еден од патниците во осминафиналето ќе го судат македонските арбитри Даниело Божиновски и Виктор Начевски.
Станува збор за средбата меѓу австрискиот Линц и романската Стеауа Букурешт, која носи предност од десет гола од првата средба, 33-23.
Овој натпревар е на програмата вечерва со почеток во 19:00 часот во салата „Клаин Минхен“ во Линц.
Митревски и Тодоровски главни на дербито во Лигата на Европа!
Македонките Карбеска и Илиева пак ќе судат машки евро-натпревар