Македонските арбитри Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе го судат финалето на женскиот ракометен турнир на Кинеските игри.
Тие ќе ја делат правдата на натпреварот за злато меѓу екипите на Гуангдонг и Жиангсу што ќе се игра од 13:30 часот по македонско време во Шанту.
Станува збор за турнир пандан на Олимписките игри, но само на територијата на Кина, а меѓу спортовите е и ракометот.
Официјалното натпреварување е од 9 до 21 ноември, но дел од спортовите се играат порано од терминот, што е случај со женскиот ракометен турнир. Дуелите од машкиот турнир ќе се играат од 1 до 10 ноември во Хонг Конг.