Европската ракометна федерација ги одреди судиите за натпреварите од третото коло во Лигата на Европа.
Нова европска задача ќе има за македонскиот двоец Даниело Божиновски и Виктор Начевски во второто по ранг европско клупско натпреварување.
Тие ќе го судат натпреварот меѓу словачкиот Татран Прешов и португалската Бенфика на Филип Талески.
Овој натпревар ќе се игра во „Татран Арена“ на 22 октомври со почеток во 20:45 часот, а делегат ќе биде Емир Бешлија од Црна Гора.