Божиновски и Начевски ќе им судат на Норвешка и Германија

Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од полуфиналето и оние за пласман на Мундијалот за младинци во Полска.

Македонскиот двоец Даниело Божиновски и Виктор Начевски доби уште една задача, па ќе судат натпревар од разигрувањето за пласман од 5 до 8 место.

Станува збор за натпреварот меѓу Норвешка и Германија, на кој делегати ќе бидат Кулеша од Полска и Нилсен од Данска.

Натпреварот меѓу Норвешка и Германија се игра вечерва во „Арена Катовице“ со почеток во 18:30 часот.