Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 4 коло во Лигата на Европа.
Maкедонскиот двоец Даниело Божиновски и Виктор Начевски добија нова задача од европската куќа на ракометот.
Тие ќе го судат натпреварот меѓу португалскиот вицепрвак Порто и норвешкиот вицепрвак Елверум.
Овој натпревар на кој делегат ќе биде Шпанецот Брето Хуелин, е закажан за 18 ноември од 20:45 часот.
























