Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за првите натпревари во Лигата на Европа оваа сезона.
Македонската двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски добија задача на првиот квалификациски натпревар од второто по ранг европско клупско натпреварување.
Тие ќе го судат мечот меѓу шпанската Бидасоа Ирун и португалската Брага, на кој делегат ќе биде Французинот Ревере.
Овој дуел е закажан за 30 август од 18:30 часот во салата „Арталеку“ во Ирун, а реваншот е на 6 септември.
Ацо Николовски ќе биде делегат на реваншот од квалификациите меѓу српскиот Партизан и чешката Бањик Карвина на 6 септември во Нове Место.