Покрај националниот тим, Македонија има свои претставници и меѓу официјалните лица на Светското првенство во Полска.
Судиите Даниело Божиновски и Виктор Начевски, кои го судат третото СП во оваа категорија, добија нова задача од ИХФ.
Тие ќе го судат натпреварот меѓу Египет и Швајцарија од главната рунда на Мундијалот, што се игра во Келце.
Овој дуел е закажан за 18:45 часот во салата „Легионово“ во Келце, а делегати се Викторија Алпаидзе од Летонија и Јоана Бремер од Полска