Босански репрезентативец го засили Бутел Скопје!

Тимот на Бутел Скопје почна да го составува играчкиот мозаик за следната натпреварувачка сезона во Супер лигата.

Прво засилување за тимот предводен од Горан Кузманоски ќе биде босанскиот репрезентативец Драган Шољиќ.

Тој настапува на позицијата кружен напаѓач и доаѓа од Асобал лигата од тимот на Нава, откако претходно играше уште две сезони во Шпанија.

Шољиќ потекнува од Зрињски Мостар, во 2018 година се пресели во Извиѓач Љубушки со кој освои три дупли круни.

Босанецот е прво засилување за Бутел Скопје, откако претходно пропаднаа преговорите со Павел Атман, кој ќе остане во Израел.