Тимот на Струга го договори првото засилување за наредната сезона во која ќе има големи суперлигашки предизвици во обидот да го повтори ланскиот успех.
Станува збор за кружниот напаѓач Никола Летиќ, кој доаѓа од тимот на Херцеговина од Невесиње. Летиќ има 20 години, младински репрезентативец е на Босна и Херцеговина, а потекнува од Локомотива Брчко.
Пивотот што е висок 196 цм, а тежок 103 кг, две сезони мина во некогашниот европски првак Борац Бања Лука.
Настапите во Струга ќе бидат прво интернационално искуство за младиот босански кружен напаѓач.
Тимот на Струга ова лето ќе има комплетна трансформација откако заминаа најискусните Јовица Младеновски, кој ја заврши кариерата, Александар Тренчевски се пресели во Прилеп, голманот Дејан Рикановиќ продолжува во Криваја, додека десниот бек Мерис Бошњак е нов член на Уеска.