Борзаш се прости од Еурофарм Пелистер: Благодарен сум за приликата, заминувам со две титули

Еурофарм Пелистер третпат по ред е шампион на Македонија, откако славеше на гостувањето кај големиот ривал Вардар со 32-30.

Левиот бек Урош Борзаш заминува по две сезони од Битола, но е радосен што освои две шампионски титули.

„Мислам дека го дадовме максимумот и заслужено се радуваме. Од 2022 Еурофарм Пелистер не победил во Скопје, но се боревме од прв до последен и заслуживме со сите подеми и падови да освоиме барем една титула. Верувавме до крајот дека може да се вратиме, иако имавме некоја мала криза, но освоивме титула за која никој не сметаше дека може да ја освоиме. Господ е голем. Заминувам со две шампионски титули од Битола, благодарен сум за приликата што ми ја даде Еурофарм Пелистер. Можеби не беше најдобро, но давав се од себе и се надевам дека луѓето го препознаа тоа“, вели Борзаш.