Машката репрезентација на Србија веќе втор ден се подготвува за двомечот со Шпанија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.
Иако беа на поширокиот список, двајцата членови на Еурофарм Пелистер, Урош Борзаш и Богдан Радивојевиќ, нема да настапат против „црвената фурија“.
Селекторот Чутура одлучи да му даде шанса на младиот член на Металопластика, Матеја Додиќ, кој ќе формира дуо со искусниот Дарко Ѓукиќ на позицијата десно крило.
Чутура ќе смета и на неколку други надежи за двомечот против Шпанија, како Симо Шијан, Урош Митровиќ, Милош Кос и Урош Којадиновиќ.
Првиот натпревар меѓу Србија и Шпанија ќе се одигра на 13 март во Краљево, додека вториот натпревар ќе игра на 16 март во Сиудад Реал.
Србија квалификациите за континенталниот собир 2026 ги започна со победа над Летонија и пораз од Италија.