Црногорскиот репрезентативен лев бек Вуко Борозан најмалку до крајот на оваа сезона ќе биде дел од Охрид.
По настапите за Ловќен, Карловац, Металург, Либек, Вардар, Веспрем, Загреб…Борозан ќе има нов предизвик во кариерата.
„Многу сум среќен што потпишав за екипа со големи амбиции, екипа која има одлични ракометари. По разговорот со тренерот Ројевиќ и управата на клубот одлучив да ја продолжам својата кариера во Охрид. Пред нас следуваат многу натпревари, а нашиот тим ќе атакува на сите три трофеи! Ги поздравувам охридските навивачи, групата „Рибари“ да не бодрат во што поголем број за да стигнеме до целите на клубот“, изјави Борозан.
Во текот на зимската пауза клубот се раздели со Грузиецот Теимураз Орјоникидзе и Србинот Младен Крсманчиќ, а се засили и со десното крило Ален Ќосевски и пивотот Џанфранко Прибетиќ.
Охрид му посака добредојде на големото засилување: Борозан е нов „гладијатор“
























