Тимот на Охрид го очекува еден од најважните натпревари оваа сезона – пресметката со „сино-белите“ во Автокоманда, на која со победа може да бидат решени многу работи.
Левиот бек Вуко Борозан го знае значењето на овој натпревар и вели дека влогот е голем.
„Ова е натпревар на сезоната. Влогот е Европска лига. Очекувам многу квалитетен натпревар, тврд, со одбрана и со многу дуели. Одбраната ќе биде клучот за победа, оној тим што ќе одигра подобро во одбрана, тој ќе победи. Се надевам дека на крај тоа ќе бидеме ние. Се подготвуваме максимално, и за нас ова е еден вид финале во Супер лигата“, изјави Борозан.
Црногорецот упати порака до навивачите „Рибари“ и до љубителите на ракометот да дојдат во СРЦ „Билјанини Извори“.
„Сакам да ги повикам охриѓани да дојдат во што поголем број и да бидат нашиот осми играч“, заврши Борозан.
Натпреварот меѓу Охрид и тимот на Лазаров се игра в сабота со почеток од 18:00 часот.
























