Борозан искасан од кучиња – неизвесно дали ќе игра со Порто

Продолжуваат проблемите за Вардар, а на листата на повредени се приклучи и Вуко Борозан. Тој во неделата бил искасан од кучиња скитници во Скопје додека се шетал со децата. Бил нападнат од нив, и додека ги бранел децата бил искасан од кучињата.

Веднаш бил примен во болница каде му биле ставени 14-тина конци на местата каде бил искасан.

„За жал имаме неколку повредени играчи, 4-5 ракометари. Се случуваат неочекувани работи во нашиот главен град. Вуко Борозан шетајќи со своите деца беше нападнат од кучиња и заврши во болница. Бранејќи ги своите деца заработи 14-15 конци“, објави Неднаовски на прес – конфренцијата пед мечот.

На листата на повредени се и Пинто, Горига, Јагуриновски, а на повреди се жалат уште неколкумина играчи.

Средбата Вардар – Порто е закажана за утре со почеток во 20,45 часот во „Јане Сандански“