Словенечкиот репрезентативец Блаж Јанц би можел да си замине од Барселона по истекот на договорот во 2027 година.
Иако каталонскиот гигант ќе остане и без Дика Мем наредното лето, би можел да го загуби и Словенецот, кој може да покрие и на крило и на бек.
Според „Handballia“, Јанц веќе има понуди за камбек во Келце, но и од Висла Плоцк, Слован Љубљана, Веспрем…
Полскиот „ТВП Спорт“, пишува дека преговорите меѓу Висла Плоцк и Јанц се во тек и дека се очекува да завршат позитивно.
Ако се пресели во Висла Плоцк, тогаш Блаж би заиграл во ист тим заедно со неговиот брат Митја, кој втора сезона ги брани боите на овој клуб.


























