Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски се враќа во татковината и во иднина ќе го носи дресот на Охрид.
По краткиот престој во германскиот Десау, десниот бек се реши за камбек и како што најави 24Ракомет, го стави потписот на договорот со Охрид. Амбициозниот проект не застанува со засилувањата со кои само ги потврдуваат целите да бидат во самиот врв.
Јагуриновски е репрезентативец на Македонија со богато домашно и меѓународно искуство. Кариерата ја започна во младинските категории на Металург, каде што подоцна настапуваше и за првиот тим. Потоа ги бранеше боите на Вардар играше на Исланд, па во Пролет.
Со неговото пристигнување, Охрид добива играч кој може да внесе стабилност и лидерство во бековската линија, но и дополнителна сила во нападот. Претходно охриѓани се засилија и со средниот бек Младен Крсманчиќ.