„Бомба“ во Црна Гора – Дидие Динар е нов селектор на машката репрезентација!

Дидие Динар, членот на генерацијата која владееше со светскиот ракомет и поранешен селектор на Франција, е нов селектор на Црна Гора!

На клупата на машката репрезентација на Црна Гора, по неуспехот со Владо Шола, доаѓа уште еден странски селектор.

Динар ќе го има дебито на 6 ноември против Финска во Подгорица, на стартот на квалификациите за ЕП 2026 година.

Во текот на играчката кариера, Динар освои 10 златни медали на големите натпреварувања со Франција, а на клупски план има четири трофеи во Лигата на шампионите.

Во тренерската кариера најпрво беше асистент во националниот тим на Франција, од 2013 до 2016 година, а потоа селектор до 2020 година. Како селектор, има три медали од големите натпреварувања и два пати е прогласен за тренер на годината од страна на ИХФ.

Седеше на клупата на Саудиска Арабија, а сега е предводник на клубот Иври.