Бојаниќ: Со победа да ја завршиме најуспешната полусезона во историјата

По големата победа над шампионот Еурофарм Пелистер, ракометарите на Охрид ќе гостуваат кај Радовиш и сосема извесно со триумф ќе ја заокружат 2025 година.

Кружниот напаѓач Владимир Бојаниќ, кој сезонава нема голема минутажа, вели дека тој и соиграчите ќе влезат максимално во мечот, без разлика на позицијата на Радовиш.

„Иако Радовиш е екипа без победа до сега, ние влегуваме максимално во натпреварот и се надеваме дека со победа ќе ја завршиме најуспешната полусезона до сега“, изјави Бојаниќ.

Натпреварот меѓу Радовиш и Охрид се игра утре во салата „25 Мај“ со почеток во 15:00 часот.