Бојаниќ пред двобојот со лидерот: Пресудна ќе биде поголемата желба за победа

За амбициозниот тим на Охрид по елиминацијата од Европа, приоритет остануваат домашното првенство и Купот на Македонија. Следен предизвик за „гладијаторите“ ќе биде уште еден дерби натпревар, овојпат на домашен терен.

По поразите на гости во Скопје и Битола од Вардар и Еурофарм Пелистер, избраниците на Стевче Алушовски ќе се соочат со „сино-белите“ од Автокоманда предводени од Кирил Лазаров.

Тимот од Автокоманда досега запиша само победи на десет натпревари, но сега оди на жежок терен, каде во минатата сезона се „лизна“. Кружниот напаѓач Владимир Бојаниќ посакува да се повтори натпреварот од минатата сезона.

„Гостите немаат ниту еден пораз оваа сезона, но и минатата сезона беше така, па ги победивме во Охрид откако имаа серија од 17 натпревари без пораз, па би сакал да ја продолжиме традицијата. Имаат сериозен состав, играат долго време заедно, повеќе македонски репрезентативци, но ние се подготвуваме најдобро што можеме за да го направиме истото што го направивме минатата сезона“, изјави Бојаниќ.

Српскиот интернационалец посакува полни трибини во СРЦ „Билјанини Извори“. Навивачката група „Рибари“ ќе прослави убав јубилеј на овој меч – 35 години постоење.

„Сите се подготвуваат тактички, прават видео анализи, како ние така и тие. Мислам дека пресудна ќе биде играта во одбрана и поголемата желба за победа. Ние треба да бидеме 50% со поголема желба, играме пред нашите навивачи, кои се надевам дека ќе ја исполнат салата и во оваа прилика сакам да ги повикам сите да дојдат и да ни дадат поддршка“, заврши Бојаниќ.

Натпреварот меѓу Охрид и „сино-белите“ од Автокоманда се игра во СРЦ „Билјанини Извори“ в сабота со почеток во 18:30 часот.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2ВАРДАР 196122200240
3АЛКАЛОИД22200240
4ОХРИД22142630
5ТИКВЕШ 201422113825
6БУТЕЛ221201024
7ПРИЛЕП22731217
8ПРОЛЕТ22651117
9КУМАНОВО22501710
10БОРЕЦ Ф.Л.2224168
11СТРУГА2231187
12РАДОВИШ2222186