Бојаниќ: Отворивме лошо, но потоа се разигравме

Ракометарите на Охрид на првиот домашен натпревар од новата сезона во Супер лигата славеа над Бутел Скопје со 26:23.

Гостинскиот тим до 25 минута му парираше на домаќинот, се покажа како незгоден ривал, но искуството на Охрид беше пресудно на овој дуел.

Кружниот напаѓач Владимир Бојаниќ, ги сподели своите импресии по победата над бутелции и истакна дека неговата екипа ќе треба да работи многу повеќе.

,,Ние не ја потценивме екипата на Бутел Скопје, тие се млада екипа, со неколку искусни играчи. На почетокот отворивме лошо, но потоа се разигравме, имавме и добри и лоши работи, но пред сѐ, најмногу имаше добри, им честитам на моите соиграчи, на ракометарите на Бутел Скопје им посакувам многу среќа во понатамошниот дел од првенството, а ние ќе се подготвуваме уште повеќе за играта да биде сѐ подобра и подобра. Треба да работиме на грешките, ги имаше многу на денешниот натпревар”, изјави Бојаниќ.

Охрид за следен ривал го има тимот на Прилеп, кој денеска беше подобар од Куманово.